„Бистрина” е центар за едукација и интелигентен развој на новите генерации воден од сертифицирани едукатори со повеќегодишно искуство. Место каде се спојуваат реалните проблеми во сегашното образование и современите решенија за иднината.

ПРВ ФРАНШИЗЕН ЦЕНТАР ЗА „ШКОЛА ЗА БРЗО ЧИТАЊЕ И МУДРО УЧЕЊЕ“ - КАРПОШ
Програми
На децата им треба повеќе од само лекции во животот, потребна им е интелектуална подготовка за иднината. Единствено со развиени капацитети и вештини ќе можат да го освојат светот.
Низ франшизни и авторски програми со посебни техники и вежби нудиме олеснување и подобрување на процесот на учење во сите области и за сите ученици од 6 до 18 години. Нашите ученици постигнуваат високи резултати само за 6 месеци!

Мудро учење од прв чекор
Основна 8-месечна програма со вежби и техники за ученици на возраст од 7 до 9 години:
- концентрација;
- течно читање;
- математика и логика;
- графомоторика.

Брзо читање и мудро учење
Напредната 6-месечна програма за ученици на возраст од 10 до 18 години вклучува:
- 5 техники за брзо читање;
- асоцијативни умствени мапи;
- мемориски техники;
- презентациски вештини;
- зголемен фокус и концентрација.

Бранови
Летна 2-месечна развојна програма за ученици на возраст од 6 до 9 години со вежби за:
- почетно читање и пишување;
- доусовршување на стекнати вештини;
- логички задачи и игри;
- креативно изразување.

#АјдеДаЧитаме
Интерактивни креативни работилници наменети за деца на возраст од 5 до 10 години, за поттикнување желба за читање книги и психокнижевна терапија, преку тематски вежби, изработки, цртежи, претстави и средби со писатели и детски психолози.
Зошто да нè одберете нас?
Сертифицирани носители и едукатори на франшизата Школа за брзо читање и мудро учење во Карпош со 5-годишно работно искуство и над 400 дипломирани ученици и задоволни родители.
Горди креатори на првите авторски програми според потребите на децата, „Бранови“ и #АјдеДаЧитаме.
Ние го будиме најдоброто во секое дете за да ги покаже своите капацитети.
Цврсто веруваме дека секое дете е посебно на свој начин и има нешто за што е најдобро. Ние го наоѓаме вистинскиот пат до исполнување на таа цел.
Што добивате вие?
Бистрина е центар за едукација и интелигентен развој на новите генерации. Место каде се спојуваат реалните проблеми во сегашното образование и современите решенија за иднината.
Низ франшизни и авторски програми со посебни техники и вежби нудиме олеснување и подобрување на процесот на учење во сите области и за сите ученици и студенти.
Повеќе слободно време
практични мемориски техники
проширени општи познавања
збогатен вокабулар
подобрено ниво на разбирање
самостојно и побрзо учење
Пријавете се за бесплатен демо-час
Сакате да дознаете од прва рака како изгледаат нашите часови и која вредност ќе ја добие вашето дете? Пополнете ја пријавата и почекајте да ве контактира некој од нашиот тим.
Кои проблеми ги решаваме?
400+
задоволни ученици
Антонија после секој час излегува задоволна, вели дека ѝ се допаѓа курсот и дека е задоволна од сработеното на час. Знам дека ги користи мапите и сум видела дека ги црта. Вели дека и помогнале за тестови, а знам дека и другарки од школо и ги барале за да учат од нив. Мислам дека има и повеќе
мотив и самодоверба.
Јас не сум на часот да ја оценам работата на предавачите, но од постигнувањето кај детето, и особено тоа што радосно и возбудено се враќа дома од часот, знам дека предавачите се прекрасни. Среќна сум што ја открив Вашата школа, а задоволството се докажува и со тоа што ова ни е трета школа кај вас (напредната со постариот син, летната школа и тековната основна за помалиот.)
Подобрувањето кај Михаил го гледам во читањето и во неговата волја да чита. Една од главните причини да го запишам детето во Вашата школа беше токму тоа.
Тој за зимскиот распуст ја прочита „Зоки Поки“, и што е најважно, по секоја приказна ми го раскажуваше прочитаното, што значи дека разбира што чита! За разлика од сега, во летниот распуст колку и обиди да имавме со читањето, тоа тешко одеше, со фрустрација, негодување, концентрирање на буквите, а не на значењето на зборот.
Исто така, додека шетаме, без јас да му барам, Михаил ги чита билбордите, рекламите, што и да види, нешто што до летото беше сосема спротивно.
Мејл
info@bistrina.mk
Телефон
075 / 274 – 875
Локација
Тафталиџе, Карпош

